БИО

Сашо Огненовски е роден 1964 год. во Битола. Во 1987 година дипломира на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, на отсекот за Драмски актери. Во 2002 година магистрира на Институтот за Социолошки и Политичко-Правни Истражувања во Скопје на отсекот за Комуникации и медиуми, а во 2017 година докторира на Институтот за комуникации и медиуми при правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Работел како актер во Народниот театар од Битола и како Стручен соработник на Педгошкиот факултет во Битола, а и како професор на Славјанскиот Универзитет. Напишал повеќе од 50 трудови од областа на Комуникологијата и учествувал на низа конференции и симпозиуми во Скопје, Охрид, Софија, Гетеборг, Лондон, Осло, Милано како и на студиски престои во Торонто, Канада и во Сантијаго де Компостела во Шпанија. Досега ги објавил книгите поезија „Лавина“ (1995), „Плодовите на пеколот“, (2104) и „Пустински цвет“ (2015), книгите пиеси за деца „Обична бајка“ (2002) и „Волшебниот компас“ (2011), монографијата „Ацо Ѓорчев – актерска легенда“ и  книгата со драми „Тврдина“ (2016) која неодамна излезе од печат и на англиски јазик. Преведувал од англиски и српски јазик, а неговите книги се исто така преведувани на српски и анлиски јазик.

Advertisements
%d bloggers like this: